Руското село Ојмајкон кое се наоѓа во областа Јакутија на Сибир е едно од најстудените места во светот.
На Фејсбук страната “Made in Russia” објавена е фотографија на која пишува дека е забележан нов рекорд во ова село, при што биле измерени -63 степени целзиусови.
Оваа зима е крајно ладна и во нашата Македонија, каде деновиве во сите градови температурите се далеку под нулата, во Берово и Битола беа измерени и високи -21 степен целзиусови.