(ФОТО) Морско куче – киклоп ја “нападна” манекенката која сакаше само да плива и позира со нив за на Инстаграм

Катарина Заруцки е 19 годишна студентка која се занимава со манекенство од своја 14 година. Таа обожува да патува, а на својот Инстаграм профил споделува совети за здрав живот и мода, каде будно ја следат повеќе од 13.000 следбеници.

Пред околу еден месец беше на Бахамите со момчето, а таму воочила морски кучиња-киклопи со кои веднаш посакала да плива, со оглед на тоа дека тој тренд го имала забележано на Инстаграм неколку пати.

Пливањето со морски кучиња – киклопи е безопасно за луѓето, пишува на страната Exuma Online, која го нуди тоа искуство како единствена прилика во животот. Катарина не сакала да ја пропушти приликата, иако семејството на нејзиното момче било скептично.

Влегла во водата, а многу брзо киклопот  ја гризнало за раката и ја повлече под вода. Катарина вели дека останала смирена и брзо ја извлекла раката од водата со цел крвта да не ги привлече и останатите кучиња.

Таа рекла дека била исплашена, но дека знаела дека мора да се смири доколку сака да излезе од вода безбедна. Кога излегла од водата била благодарна тоа што била гризната само за раката.

“Среќна сум што уште ја имам раката”, рекла таа.

За инцидентот Катарина ја извести јавноста во понеделникот, но беше мета на “хејтање и тролови”, па го деактивирала својот Инстаграм профил. Поради несреќата морала да прима антибиотици.

Вели дека киклопите не направиле ништо лошо. “Тие се диви животни”, вели таа и додава дека тоа ѝ било голема лекција.

“Им препорачувам на луѓето да бидат внимателни. Во нивниот дом сте”, заклучи Катарина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e