Секое лето е истата приказна – забораваме на старите парчиња облека и купуваме нови. Некои обожувани трендови кои се задржаа во модниот свет во последните неколку сезони веќе почнуваат да се забораваат, а постојат генијални новитети кои се достојна замена за старите.
Во продолжение, ви претставуваме три трендови кои се “аут” за ова лето и три со кои лесно ќе ги замените истите.
Аут: Топови со отворени рамена
Доколку ви здодеаја топовите кои доаѓаат во “off-the-shoulder” варијанта, имаме одлични вести за вас. Конечно пристигна нова варијанта на овој мега тренд кој ќе им се допадне на сите девојки…
Ова лето, топовите на едно рамо го имаат главниот збор. Овој супер кул модел е многу поедноставен и поудобен за носење бидејќи не мора да се плашите од изборот на градник.

Аут: Структурирани плетени торби
Модните критичари велат дека ретко која девојка ќе успее да го стави својот мобилен телефон или паричник во малите полузаоблени плетени торби. Нивната големина е тотално непрактична…
Ова е моментално еден од најголемите модни трендови: меки мрежести чанти. Тие доаѓаат во безброј варијанти, од оние со големи дрвени рачки па сè до целосно меки модели – што значи дека сигурно ќе го пронајдете парчето кое им одговара на вашите потреби.

Ресите ги имаа своите “пет минути слава”, но сега е време за обетки кои со сигурност ќе го привлечат целото внимание.
Ин: Апстрактни геометриски обетки
Уметничките апстрактни линии и геометрии владеат со обетките – и ги обожуваме! Доколку ова ви се чини премногу, почнете со нешто поедноставно – одберете едноставни големи кругови или еден коцкаст модел во неутрална боја.
