(ФОТО) Милошевски стана татко по 4-ти пат!

Антонио Милошоски стана татко по четврти пат. Неговата сопруга Симона се породи, a бебето го доби името Илина. Симона се породила во приватната клиника Систина, а ја породил доктор Балчески и породувањето минало во најдобар ред.

antonio - Copy 1

„Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка. На свет ја донесе нашата најмалечка принцеза Илина. Бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка, а тато е најсреќниот татко на светот. Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели. Ве прегрнувам сите. Од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!, кажа Милошоски.

Пратеникот претходно потврди дека по четврти пат ќе стане татко. Тој раскажа за бебето кое го чекаат со сопругата Симона. Милошоски ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e