Меланија на 16. години почнала да се занимава со манекенство, откако во 1992 година ја освоила титулата на прва придружничка на Мис на Словенија, а во 1998. го запознава Трамп…
Првата дама на Америка, Меланија Трамп денес дува 48. свеќички на тортата, а на нејзините почетоци често се сеќава словенечкиот фотограф Стане Јерко, пионер на модната фотографија во бивша Југославија.
„Си одев од една модна ревија во Љубљана и ја видов Меланија пред зградата“ раскажал Стане повеќе пати, за денот кога ја видел младата Словенка.
Меланија запишала и студии по уметност во Љубљана, но ги прекинала студиите и заминала во Милано а подоцна и во Париз.
За животната приказна на првата дама на САД прочитајте на порталот Екран на следниот ЛИНК.