За политичарите се врзува моќта, а на светската сцена моментално владеат политичари кои мамат воздишки кај жените ширум планетата.
Срцата на жените ги украде новиот шпански премиер Педро Санчез (46) чиј кабинет започна со работа на втори јуни. Освен што го сметаат за исклучително привлечен, она што многумина ги импресионираше е фактот што поголемиот дел од министерските фотелји во неговата влада ги зазеле токму припадничките на понежниот пол.

46-годишниот премиер на Канада, Џастин Трудо, исто така важи за еден од најпривлечните политичари на денешницата.
Фамилијарниот човек кој е во брак со ТВ водителка и кој има три деца внел неконвенционалност на политичката сцена, разбивајќи ги сите предрасуди дека политичарите се недопирливи и докажал дека тие умеат да бидат многу згодни.
Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието (51), познат по совршената коса, е оженет со актерката од популарните ТВ серии, Анхелика Ривера (45).
Харизматичниот пар важи за еден од најубавите парови, а Ривера е несомнено една од најубавите први дами на светот, рамо до рамо со Меланија Трамп.

