(ФОТО) Фатиме Фетаи го прослави 34-иот роденден со оригинална торта!

Специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи, го прослави 34 роденден. Главниот уредник на ТВ 24, Огнен Јаневски со друштвото на полноќ и приредија големо изненадување на обвинителката.

Тие ја посетија во нејзиниот дом, а изненадувањето го крунисаа со торта на која имаше 34 свеќички. Но, обвинителката не доби обична торта, туку свеќичките беа во баница со праз, нејзиното омилено јадење.

fatime-rodenden-1

„Роденден се слави со торта-зелник со праз!  Изненадување – пар екселанс! Сето тоа спремно, а другарите и семејството “злосторнички” се здружија за да не не’ сети роденденката. Специјална торта, за специјалната другарка – ФФ. Честита 34-ка… ова де 23-ка“, напиша Јаневски на Фејбук.

fatime-rodenden

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e