(ФОТО) Белгиска манекенка е притворена бидејќи гола се фотографирала на Ѕидот на плачот

Белгиската манекенка е притворена од полицијата во Египет бидејќи позирала гола пред древните храмови, нешто слично направила и покрај Ѕидот на плачот во Ерусалим за изложба која е неодамна отворена во нејзината земја.
Фотографијата на Мариза Перен (26) на која се гледа како се сонча гола на тераса на приватна куќа со поглед на плоштадот пред Ѕидот на плачот е на продажба во една галерија во белгиското летувалиште Кноке, објавиле белгиските медиуми.
Манекенката, со затворени очи, се испружила на столче, а во позадина се гледа женскиот дел од Ѕидот на плачот, најсветото место на кое Евреите можат да се молат.
Потписот под фотографијата е „Пат до ослободување“, но на неа не се гледа ниту еден дел од џамијата Ал-Акса, трета по значење во Исламот, која се ноѓа над плоштадот и фотографот сигурно морал да ја забележи, наведува еврејската новинска агенција ЈТА.
Фондацијата за наследство на Западниот ѕид во соопштение проценила дека изложената фотографија е сериозен инцидент, а рабинот задолжен за Ѕидот на плачот, Шмуел Рабинович, го означил за несреќен и непријатен оценувајќи дека ги навредува оние кои се молат на тоа свето место.
Инаку, оваа манекенка често објавува голи фотографии направени на различни делови во светот, а својот животен стил го опишува како „гола слобода каде маските паѓаат и се фрлаат во океанот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e