Три години беа потребни да се изгради Боинг 747 за милијардер, чие име не е објавено. Проектот чини околу 600 милиони долари. Наместо 600 патници, Боингот е наменет за само неколку десетици луѓе. Внатрешноста на авионот се состои од неколку соби, салони, простории за состаноци, посебна трпезарија, купатило, осум легла сместени на втор степен, па дури и сопствена кујна.