(Фото) 10 градови кои од дното се трансформираа во најпосакуваните места за живеење

Тука автомобилите имаат ограничен пристап, зеленилото е во изобилие, а одлична работа е што цените за секојдневните намирници и потреби се навистина прифатливи.

Овие градови со текот на годините успеале да се трансформираат и од „дното“ да станат градови кои што секој сака да ги посети, па и да остане да живее во нив.

Бафало, САД

1

Како што велат Американците, тие кои што денес, после пет години се вратиле во Бафало, доживуваат шок. Од грдото пајче, овој град прераснал во прекрасен лебед, отворени се нови хотели, модерни ресторанти и реновирани се сите стари згради.

Познатиот архитект Френк Лојд тука оставил сериозен белег, па посетителите уживаат во погледот на зградите кои што ги проектирал тој. Тука се јадат најпопуларните пилешки крилца, градот нуди евтино пиво и едноставно се има претворено во вистински гастрономски центар каде што можете да пробате секаква храна.

Ливерпул, Велика Британија

2

Градот кој е познат по една од најпопуларните групи на сите времиња – Битлси, често во минатото бил критикуван дека е град кој што нема што да понуди, нема што да се прави, ниту што да се види. Градот се опишувал како тажно место со големо пристаниште.

Сепак, денес Ливерпул е градот на културата, место каде што ќе ги најдете делата на најпознатите британски уметници после Лондон. Музеите Liverpool Tate и Walker Art Gallery се места кои што вреди да се посетат, а секако, не смее да се пропушти ниту музејот на Битлси. Исто така, постои уникатна автобуска линија наречена Magical Mystery Tour која ќе ве одведе на сите места кои што се поврзани со Џон, Пол, Џорџ и Ринго во градот.

Питсбург, САД

3

Овој град во последните децении од „обичен индустриски град“ се претворил во нешто сосема поинакво. На крајот на краиштата, овој град е дом на Енди Вархол кој е човекот заслужен за поп – арт.

Во последниот период во градот биле отворени голем број на нови хотели, а исто како и Бафало, градот прераснал во голем гастрономски центар.

Картагена, Колубмија

4

Заборавете на сите лоши нешта кои што сте ги слушнале за Колумбија и на момент обидете се да заборавите и на некои непријатни сцени од серијата „Наркос“. Картагена денес е вистински туристички центар, а најдобро говори фактот дека овој град во Јужна Америка го нарекуваат „помалку лудиот Рио“.

Долги песочни плажи, барови од кои што ечи музика и салса на секој чекор во комбинација со старите колонијални згради кои што се обоени во „весели“ бои привлекуваат огромен број на посетители и многу Колумбијци се преселуваат токму во овој град. Ако на тоа се додадат љубезните домаќини, одличниот одмор е загарантиран.

Хамилтон, Канада

5

Овој град во Онтарио често се нарекува „Северниот Бруклин“ и секако, главниот светски град на водопадите. Некогаш бил индустриски град, а благодарение на близината на Торонто, започнал да се развива како пријатно место за живот. Денес во овој град има хипстерски барови, многу уметнички галерии и разни бутици.

Детроит, САД

6

Детроит, градот на автоиндустријата пред неколку години доживеа целосен крах. Граѓаните масовно се иселуваа, финансиската криза доведе до затворање на илјадници работни места, а градот стана опасно и непожелно место за живот.

Сепак, денес во градот се отвораат бројни нови бизниси. Американските власти во обид на оживување на градот инвестираат во инфраструктурата, се гради огромна спортска сала за хокеј, се градат велосипедски патеки. Затоа, многумина веруваат дека Детроит конечно започна да се враќа на сцена.

Марсеј, Франција

7

Порано, некој кој го поминувал овој град со големото пристаниште никогаш не помислувал да сопре. Марсеј го биеше лош глас, како град кој што е многу загаден, валкан и доста опасен. Сепак, денес Марсеј се претвори во вистински „принц“.

Местата каде што најчесто се собирале локални банди, денес е претворено во прекрасно место каде што се отворени бројни кафетерии, улични штандови и забавата се врати во градот. Отворен е музеј за регионалн историја, а тука е и Beaux Art Museum каде што можат да се најдат славните дела на Рубенс и останатите европски мајстори. Гастрономската сцена е пребогата, а градот може да се пофали со пет ресторанти кои ги имаат „Ѕвездите на Мишелин“.

Љубљана, Словенија

8

Престолнината на Словенија е навистна магичен град, посебно стариот дел од градот, односно централното градско подрачје. Тука автомобилите имаат ограничен пристап, зеленилата ги има насекаде, а цените се прифатливи, па тука ќе се чувствувате како дома.

Сеул, Јужна Кореја

9

Не така одамна, Сеул беше град кој не беше интересен ниту за туристите, ниту пак како место за живеење. Денес Сеул се претвори во вистински технолошки центар на светот во кој секојдневно никнуваат луксузни хотели. Градскиот превоз е одлично организиран, парковите се прекрасни, а вреди да се посети и Чангдеокгунг храмот кој е изграден во 13-ти век и е заштитен од УНЕСКО.

Иако градот сега има околу 10 милиони жители, многумина сметаат дека Сеул е град во кој што лесно може да се пронајде место за опуштање.

Мелбурн, Австралија

10

Мелбурн е некако во втор план секогаш кога ќе се спомене Австралија, затоа што на сите прво на памет што ќе им падне е Сиднеј. Сепак, станува збор за навистина прекрасен град кој од светските магазини често е сместуван на листата со најубави места за живеење.

Големи шопинг центри, прекрасни плажи и магични паркови од кои ќе уживате во погледот на океанот. Градот е исто така богат индустриски центар, луѓето заработуваат одлични плати и се едни од најсреќните луѓе на светот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e