Хрватското здружение „Урбана десница“ бара од Фејсбук да ги брише сите постови во кои се употребуваат термините Јосип Броз Тито и Југославија.
Здружението објави дека последните неколку дена е во директен контакт со администрацијата на социјалната мрежа во Лондон и дека се пожалиле на постовите во кои се спомнува Тито.
„Урбана десница“ тврди дека администраторите на Фејсбук им се заблагодариле и им најавиле дека наскоро сите содржини во кои се величат Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а профилите што ги промовираат ќе бидат блокирани.