Научници од Универзитетот во Токои кои важат за искусни проучувачи на разни видови лепливи материјали открија еден нов вид на стакло што само се поправа, пренесува Japan Today.
Имено, истражувачите дошле до ова откритие откако увиделе дека две скршени парчиња од стаклото може повторно да ги спојат со притисок, и тоа само за неколку часа се враќа во првобитната состојба со истата издржливост како претходно.
Овој пронајдок може да предизвика револуција во производството на паметните телефони, а еден ден благодарение на него екраните на мобилните телефони сами ќе се поправаат ако се скршат.
Сепак, истражувањето е во почетна фаза, па останува да видиме дали ќе стане реалност.
За да видите како функционира откритието, погледнете го следното видео