Еден корисник на социјалната мрежа Imgur во последно време објавува фотографии од социјалните мрежи на разни порно ѕвезди, ставајќи го акцентот на сите нормални работи со кои тие се занимаваат, со цел да ги разбие предрасудите кои ги имаат луѓето за нив.
За оние кои можеби не се свесни за тоа, порно ѕвездите како и сиот нормален свет уживаат во секојдневниот живот.
Погледнете ги нивните фотографии и запрашајте се дали, под претпоставка дека не знаете кои се, би можеле да погодите како заработуваат за живот.
Тори Блек е фан на селфија направени во тоалет.
Реми Лакроа сака да ужива по дома со своето куче.
Миа Малкова ужива во викендите со својот сопруг (кој исто така е порно актер).
Стоја ужива под јорганот со својата мачка.
Џена Хејс обожува да излегува со пријателките.
Ако некогаш сте имале прилика да прочитате интервју на некоја порно ѕвезда, сте виделе дека нивните интереси надвор од работата се слични со вашите.
Во интервјуто кое го дала за „Buzzfeed”, Таша Рејн рекла дека сака пилатес, јога и воопшто го сака вежбањето, заедно со патувањата и одењата во кино.
Џесика Дрејк во интервјуто за „Vocativ” во 2014 година објаснила дека една од најголемите заблуди за порно ѕвездите е тоа дека нивниот живот е „непрестана забава“.

„Луѓето мислат дека ние пиеме, се дрогираме и спиеме со сите по ред, а тоа всушност не е така. Би рекла дека претежно, се двоумам да го употребам зборот ’нормални’, но навистина ние сме прилично нормални луѓе“, изјавила Џесика во таа прилика.