Експертите од компанијата „Linkee“, која се занимава со софтвер за автоматизација на згради, идентификуваа 10 работни места што ќе станат излишни во наредната деценија.
Сè повеќе сме свесни дека вештачката интелигенција го менува начинот на кој живееме и работиме, често преземајќи задачи кои порано ги извршувале луѓето. Тоа се однесува и на многу професии, каде што автоматизацијата и паметните алгоритми ги заменуваат рутинските или репетитивните работи, поттикнувајќи дебати за иднината на трудот и потребните вештини, пишува „danas.rs“.
Поради незапирливиот подем на вештачката интелигенција, многу професии се соочуваат со мрачна иднина кога станува збор за човечката работна сила. Анкетата ги земала предвид ризикот од замена со вештачка интелигенција, проекциите за раст на улогите и податоците за јавен интерес за да се добие листа на кариери кои најверојатно ќе бидат „уништувани“ од роботските умови. Ова се работните места со најголем ризик од автоматизација до 2035 година.
Менаџер за маркетинг на производ
Со службена оценка на ризик од 43 и веројатност за автоматизација од 39 проценти, оваа позиција го зазема првото место на мрачната листа. „Улогите со понизок ризик не се само ’креативни‘ или ’стратегиски‘. Тие се мултидисциплинарни. На пример, менаџерите за маркетинг на производ и маркетинг аналитичарите работат на пресекот на податоците, раскажувањето и деловните цели, што ги прави потешки за замена“, објаснува истражувањето.
Графички дизајнер
Следни на удар се графичките дизајнери со стапка на замена од 59 проценти. „Во свет каде што продукцијата станува комодитет, предност имаат оние што излегуваат надвор од една улога и ја претвораат вештачката интелигенција во мерливи резултати“, стои во студијата.
Маркетинг аналитичар
Со загрижувачка стапка на ризик од 48 проценти, аналитичарите би можеле да бидат советувани да ги применат своите вештини во други индустрии. „Маркетинг експертите и аналитичарите на производи имаат понизок ризик не затоа што вештачката интелигенција не ги засега, туку затоа што делуваат на пресекот на повеќе кариери. Предноста не е во тоа колку брзо можете да генерирате, туку колку можете да се проширите“, изјави Вахан Погосјан, извршен директор на „Linkee“.
SEO специјалист
„Андроидите“ се добро позиционирани за преземање на местата на SEO експертите. „Улогите што опстануваат не се оние што произведуваат повеќе, туку оние што одлучуваат што е важно“, коментира Погосјан.
BTL маркетинг специјалист
Овие експерти бележат раст на улогите од само 4,9%. Според „Linkee“, ако сакаат да останат конкурентни, мора да комбинираат основни вештини со дополнителни дисциплини, да развијат реална експертиза во работа со вештачка интелигенција, да се насочат кон решавање проблеми и позиционирање и да покажат вистинско влијание преку метрики поврзани со приходите.
Уредник на видео-содржини
Може ли холивудските најави или корпоративните промотивни материјали да се создаваат вештачки? Ризикот од замена со АИ за уредниците на видео-содржини изнесува загрижувачки 65 проценти.
Менаџер за радио-промоција
Иако се работи за централни улоги, студијата на „Linkee“ покажува дека овие позиции бележат негативен раст.
Агент за продажба на рекламен простор
Агентите што продаваат рекламен простор на различни медиумски платформи се во опасност да станат ирелевантни. „Продажбата на огласи веќе бележи – 6,6 проценти раст. Пазарот јасно ни кажува дека повторливите задачи повеќе не се реткост“, објасни Погосјан.
Специјалист за корисничко искуство (UX)
Второто најверојатно занимање што би можело да „исчезне“ е специјалистот за корисничко искуство. Овие професионалци се грижат корисниците да имаат добро искуство со компаниите, усогласувајќи ги нивните потреби и очекувања, но во реалноста трошоците се сè повеќе во фокусот.
Copywriter
Текстописците се соочуваат со најмрачната иднина. Оваа професија има ризик од замена од дури 85 проценти. „Како што трошокот за зборови, уредување и стандардни кампањски операции тежнее кон нула, секоја улога што се заснова исклучиво на резултати е под притисок. Затоа “copywriting” во нашиот модел носи 85 проценти ризик од замена“, заклучува Погосјан.