Едноставен начин како да изгледате како ѕвезда!

Селфи модата не заминува, а како да замине кога познатите ѕвезди секојдневно ги полнат своите Инстаграм профили со фотографии кои го одземаат здивот. Нормално, секој ден луѓето се прашуваат – како да се изгледа како ѕвезда, кога зад вас не стои армија од шминкери, стилисти, фотографи …

Ако одлучите да не користите било кој фотошоп, решението е едноставно, вели популарниот шминкер на познатите, Патрик Та – користете црвен филтер.

Да појасниме – станува збор за зголемување на црвените тонови на Инстаграм.

Работејки со голем број познати лица, Патрик открива дека тие обично не ги користат филтрите на Инстаграм, но ги подобруваат своите селфи фотографии зголемувајки ги сенките, контрастите и додавањето на црвено.

Шминкерот објаснува дека таквото уредување на фотографиите има смисла, бидејќи црвените тонови ги подобруваат цртите на лицето и го прават вашиот изглед природен.

Значи, заборавете на се друго – црвениот филтер ќе ве направи ѕвезда!

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e