Дали и колку сте амбициозни во животот откријте во следниот тест!
Добивте унапредување на работа, горди сте на својот успех. Додека колегите Ви честитаат, Вие мислите:
А) го заслужив унапредувањето
Б) тоа е само прв чекор кон успехот
В) не сум способен/на за таа одговорност
2. Како дете сакавте да станете:
А) пожарникар или професор
Б) претседател или директор
В) манекен/ка
3. Вашиот партнер доби унапредување и поголема плата од Вашата. Како реагирате:
А) му честитате и славите во ресторан
Б) го оставате, бидејќи не сакате да Ве издржува
В) тоа е сосема нормално, многу е повреден од Вас
4. Добивате понуда да учествувате во реално шоу. Како реагирате:
А) се двоумите и барате мислење од најблиските
Б) веднаш ја прифаќате понудата и очекувате главна награда
Г) одбивате, не сакате да Ве препознаваат на улица
5. Од колега на работа добивате непристојна понуда за напредување. Вие:
А) решително одбивате
Б) кога се работи за успехот, сите средства се дозволени
В) веднаш ја прекинувате соработката, не сакате да имате контакт со такви личности
6. Верувате дека спротивниот пол најчесто паѓа на:
А) шарм
Б) моќ
В) не знам
7. Еден од колегите го критизира Вашиот начин на работа. Вие:
А) ја прифаќате критиката само доколку е оправдана
Б) претпоставувате дека е љубоморен и не обрнувате внимание на неговите коментари
В) почнувате да се сомневате на сопствените способности
8. Вашиот идол е:
А) Вашата мајка или татко
Б) Бил Гејтс
В) немате идоли
Решение:
Најмногу одговори А
Амбициозни сте, но не премногу. Понекогаш посакувате да сте повеќе успешни, но разумот не Ви дозволува славата и успехот да Ве заслепат. Свесни сте за своите квалитети, но и доволно мудри да останете умерени и скромни, дури и кога ќе постигнете голем успех.
Најмногу одговори Б
Вие сте типичен мегаломан. Вашата амбиција нема граници. Опседнати сте со слава, сакате да ги постигнете највисоките позиции и подготвени сте да направите се’ на патот кон целта. Сите личности кои можат да Ви помогнат во тоа Ви се пријатели, додека другите ги сметате за непријатели.
Најмногу одговори В
Не сте многу амбициозни. Потребно е да почнете да верувате во сопствените квалитети. Престанете да барате изговори за сопствената мрзливост, верувајте во себе, стремете кон височините и тргнете во акција!