Предупредувањето до ФБИ дека сите би требало да ги прекријат вебкамерите на своите компјутери за да спречат да станат предмет на шпионажа, го поддржа и директорот на ФБИ Џејсм Коми, додавајќи дека тоа е „разумна работа“ која луѓето може да ја направат.
Доколку вебкамерата остане отворена, тоа значи дека хакерите може да провалат во неа и да набљудуваат се што прават корисниците, тврдат експертите за безбедност, пренесува британски „Индепендент“.
Порано оваа година, значењето на овие тврдења е потврдено откако се појавија фотографии на кои Марк Закерберг ја прекрил вебкамерата на својот компјутер MacBook Pro.
Директорот на ФБИ кажал и дека сите канцеларии на американската влада ги прекриваат вебкамерите, а дека тоа би требало да го прават и обичните граѓани.
-Има разумни работи кои би требало да ги сторите, а ова е една од нив“, порачал Коми во врска со прекривањето на вебкамерите.
За поврзани вести продолжете надолу