Пред четириесет и седум години, на 22 април 1970 година, милиони луѓе излегоа на улиците за да протестираат против негативното влијание на 150-те години индустриски развој. Во целиот свет, особено во земјите во развој, смогот се зголемува постојано и секоја година зема милиони жртви.
Загадувањето на воздухот предизвикува најразлични болести, а за адолесцентите е опасно. Биодиверзитетот бележи пад како резултат на тешката употреба на пестициди и други загадувачи.
Во почетокот на 70-тите години на минатиот век разбирањето на светот за глобалното загадување почнува да расте. Американскиот Конгрес и претседателот Никсон решаваат да дејствуваат. Во јули истата година тие ја создаваат Американската агенција за заштита на животната средина и неколку силни еколошки закони како Законот за чистата вода и Законот за загрозени видови.
Денот на Земјата е глобален настан кој се одбележува секоја година. Во него земаат учество повеќе од 1 милијарда лица низ целиот свет, во 192 држави. Ова е најголемиот настан, насочен кон заштитата на животната средина и животот на Земјата како целина.
Извор: Фактор