Неколку од прасињата кои ја сочинуваат славната колонија на Бахамите биле пронајдени мртви, откако туристи им давале брза храна и алкохол.
Овие прасиња кои се славни по тоа што често пливаат со туристите и ги забавуваат, биле мета на суровите шеги на луѓето кои очигледно не знаат да престанат да им нанесуваат штета на невините животни.
Седум од прасињата починале, оставајќи уште околу 15 прасиња кои сега се наоѓаат на островот. Локалните власти велат дека ќе го испитаат случајот и понатаму.
Покрај тоа што пријателски настроените прасиња често сакале да се дружат и да пливаат со туристите, сега властите велат дека ќе бидат воведени нови правила поради овој инцидент.