Еден 12-годишник од Шпанија поради своја грешка сега му должи на Google дури 110.000 долари.
Хозе Хавиер, млад трубач, којшто сакал за себе и за својот бенд да добие нешто подобра позиција при Google пребарувањата, всушност направил реклама во AdWords програмот на компанијата, надевајќи се дека неговата веб страница ќе добие повеќе кликови и дека на тој начин можеби ќе заработи и одредена сума.
Меѓутоа, овој сервис го прави токму спротивното, односно им наплатува на креаторите на рекламите секојпат кога некој ќе кликне на неа.
Па така, од средината на месец август, па сè до месец октомври, додека Хозе сонувал за парите коишто можеби би ги добил, му се натрупал долг од импресивни 110.000 долари.

Првата сметка неговото семејство ја добила во месец септември и тоа на износ од 21.000 долари, а родителите на несреќниот Хозе му ја блокирале и сметката. Меѓутоа, втората сметка којашто ја добиле изнесувала цели 87.000 долари, после што Google, откако го испитал случајот, го ослободил семејството на Хозе од овие трошоци…
Мајката на Хозе за локалните медиуми изјавила дека тој ја искористил својата сметка во банка којашто родителите му ја отвориле поради штедење.
Токму затоа, препораката е секогаш во иднина да бидете крајно внимателни, и да ги читате и оние “поситните букви”, без исклучок!
За поврзани вести продолжете надолу