Запознајте го Bengala F12 Caballer Full Carbon – италијанската гордост никогаш не изгледала толку опасно.
Секако, „ѕверот“ на Ферари наречен F12 Berlinetta и во својата најстандардна верзија изгледа страшно, но после третманот, односно „фејслифтингот“ кој овој автомобил го доби од познатата шпанска тјунинг куќа Bengala Automotive, сигурни сме дека ова опасно Ферари би се гордеел и Бетмен.
Тјунираната F12 Berlinetta во ова издание доби целосно нова каросерија изработена од карбонски влакна, а истата е инспирирана од GT3 автомобилите на Ферари, нешто што посебно се истакнува на предниот дел од автомобилот.