Без оглед на кој “спротивставен табор” припаѓате – Android или iOS, сепак е невозможно да се негира фактот кој доминира во светот.
Имено, оперативниот систем на Google го користат бројни производители на паметни телефони, а со тек на време Android само ја засилува својата доминација на пазарот.
Новите бројки покажуваат дека Android системот го користат 9 од 10 паметни телефони во светот. Кон крајот на септември 87,7% од продадените уреди во текот на претходните три месеци биле испорачани со Android.
Од вкупно 374,4 милиони продадени паметни телефони, Android го користеле 328,6 милиони, што е за 3,4% повеќе споредено со истиот период од минатата година.
Продажбата на iPhone телефонот на Apple опаднала за 5,2%, но во пресметките влегла само една недела во која биле продавани iPhone 7 и iPhone 7 Plus.
Најголемата разлика Android ја прави во земјите во развој, каде се нудат поевтини модели на телефони, додека на пазарот во Европа и САД, двата оперативни системи се прилично изедначени.