Велат дека домот е таму каде е срцето и таму каде е семејството. Меѓутоа, ако домот стане место во кое е невозможно пристојно да се живее, човек може да се најде под тешка одлука.
Денес ви претставуваме држави во кои може да живеете добро и безбедно.
Костарика
Костарика е планинска држава како Швајцарија, но се наоѓа во топло, иако не е во тропскиот дел на светот. Таму може да се најдат и долини и предели кои се погодни за живот.
Според законот на Костарика, правно државјанство може да добие личност која исполнува еден од следните услови:
Доколку добивате воена пензија, социјална помош или државни олеснувања во износ од најмалку 887 евра месечно. Доколку имате гарантирани приходи од најмалку 2220 евра месечно. Доколку вложите депозит во банка на Костарика во вредност од 53 270 евра. Од овој депозит ќе ви се исплаќаат 2 220 евра месечно во период од две години, што значи дека државјанството мора да се обнови после две години со повторно вложување од 53 270 евра. Доколку сте инвеститор кој вложил најмалку 177 560 евра во Костарика. Владата на Костарика ги вовела овие строги мерки бидејки има проблеми со колумбиските и мексикански имигранти.
Шведска
Малку луѓе тоа го знаат, но Шведска не е членка на НАТО, така што во случај на војна ќе останат на страна, како и во Втората светска војна.
Втор официјален јазик е англискиот и речиси сите течно говорат англиски во Шведска, Шведска веќе долги години е земја со највисоки плати во Европа.
Факт е дека е скапа за живот но работата и тоа како добор се плаќа. На пример, работниците на градежништво заработуваат и до 9 000 евра месечно, а со тоа мора да плаќаат и данок од 35% и имаат обезбедно здравствено осигурување до крајот на животот.
Чиле
Чиле е целосно развиена земја со модерни градови и богати населби, а речиси од секое место може да се видат Андите.
Трошоците за живот се прилично ниски. Туристичката виза (во траење од 3 месеци) може да се добие за 140 евра, а барањата за државјанство се исто така доста флексибилни. Имигрантите може да конкурираат за чилеанско државјанство или визи доколку примаат 440 – 880 евра месечно.
Претприемачи може да добијат државјанство со покренување на бизнис, а странци лесно може да дојдат до виза работејќи за чилеанска компанија.
Извор: Фактор