Хуан Карлос Осорио со години е во брак со Јулиет Осорио, но во последните неколку години тој има љубовница која стана јавна тајна во Мексико.
Љубовницата на мексиканскиот тренер е 30-годишната спортска новинарка Маријана Закаријас, која е 26 години помлада од Осорио.
Закаријaс на Инстаграм има 27 илјади следбеници, а бидејќи нејзините главни атрибути се облините и љубовта кон фудбалот, мажите ширум светот ја обожуваат.
Официјалната сопруга Јулиет Осорио го следела натпреварот во друштво на синовите кои ги има со мексиканскиот тренер, додека љубовницата се наоѓала далеку од очите на јавноста.
Сепак, на својот Инстаграм профил, Маријана се пофалила со фотографии од стадионот и туристичките атракции во Русија. Бројните медиуми и корисниците на социјалните мрежи се прашуваат која од нив две го тешела тренерот по испаѓањето од Светското првенство.