За гарантиран оргазам најдобро е да се избегнат комплицирања и да им се посветите на поедноставните пози. Експериментирањата се добредојдени во сексот, но тие истовремено ве одвлекуваат од оргазмот.
Ако сакате оргазам, заборавете на сексуалните акробации. Колку поедноставно, толку подобро, вели Доријан Солот, сексуален едукатор и ко-автор на книгата “I (Heart) Female Orgasm”.
„Ако сакате да доживеете оргазам, наједноставните пози обично се и најдобри, а со по некои промени можете да ги направите уште подобри“, раскажал тој за „Cosmopolitan”.
„Додека лежите на грб, ставете перница под задникот, кренете ги колковите и нозете во воздух кон себе. Оваа положба на партнерот ќе му овозможи подобра пенетрација и ќе ја стимулира Г точката – што ве води до одличен оргазам“, објаснува Солот.
Иако „доги“ позата има свои предности, таа нема да ви овозможи толкаво задоволство како неговата модифицирана положба, вели Солот.
„Жената нека легне на стомак и нежно нека го крене задникот за партнерот да може да влезе. Партнерот може да се одржува од страна на рацете или нежно да легне врз жената. Оваа поза ќе ви овозможи да бидете непрестано блиску, но и ќе ги зајакне сите сетила бидејќи нејзината област на клиторисот се трие од креветот“, објаснува Солот.
Страничен секс без многу напрегнување
„Понекогаш сексот може да изгледа како тешка вежба. Оваа поза ќе ви овозможи повеќе одмор и уживање. Партнерот нека легне странично и нека се сврти кон жената. Таа лежи на грб, но двете нозе ги префрла преку неговите колкови. Тогаш тој треба нежно да пенетрира. Ова е поза за бавен и нежен секс кој дефинитивно ќе ве одведе до оргазам“, вели Лаура Берман, сексолог.