Русија изминатиот период повторно беше во центарот на вниманието, пред се поради инаугурацијата на претседателот Владимир Путин по четврти пат.
Во продолжение Ви нудиме интересни факти кои се однесуваат на Русија, а не сте ги знаеле.
Русија има површина поголема од Плутон
Русија има површина од 17 милиони квадратни километри. Во споредба со неа, планетата Плутон има 16,6 милиони квадратни километри.
Цевководите на Русија можат 6 пати да ја обиколат Земјата
Сите цевководи на Русија, вклучувајќи ги оние за нафта, гас, вода и се останато се долги 259.913 километри што е доволно за околу шест пати да ја обиколат Земјата.
Русија има најмногу збогатен ураниум
Русија има 695 тони од високо збогатен ураниум, што е повеќе од било која друга држава во светот. САД имаат 604 тони ваков ураниум.
Има доволно гас да наполни 13,2 милијарди Олимписки базени
Русија ги има вторите најголеми резерви на гас во светот, со вкупно 354,4 трилиони кубни метри.
Русија има дури девет временски зони
Оваа држава имаше 11 временски зони, но во 2010 го намали бројот на девет. Според тогашниот претседател Медведев, таквиот потег ги подобрил транспортните и комуникациските врски.
Русите пијат просечно по 6,3 чашки алкохол неделно
Информациите велат дека Русите пијат по 6,3 чаши алкохол неделно. Сепак рекордер во светот е Јужна Кореја со 13,7 чашки неделно.
Имаат доволно нафта за следните 75 години
Податоците покажуваат дека Русија има околу 87 милијарди барели нафта. Со актуелната потрошувачка, тие имаат доволно гориво за следните 75 години.
9 милиони луѓе дневно минуваат низ метрото во Москва
Дури 9 милиони луѓе минуваат секој ден низ метрото во Москва. Тоа е повеќе од бројот на луѓе што минуваат низ њујоршкото и лондонското метро заедно.
Езеро Карачај може да убие со радијацијата
Ако застанете на брегот на езерото Карачај ќе ве озрачи со 600 рендгени радијација, што е доволно за да убие човек. Езерото е лоцирано до еден од најголемите руски нуклеарни комплекси, што до 1990 година се чуваше како тајна. Реката од која се напојувале со вода локалните селани, била до толку загадена што 65 проценти од жителите добиле болест од радијацијата. Докторите ја дијагностицирале како „специјална болест“ бидејќи се додека фабриката била тајна, тие немале обврска да спомнуваат радијација во своите дијагнози.
Русија ја продала Алјаска за 7,2 милиони долари во 1868 година
САД платиле помалку од 2 центи по квадрат за околу 965.000 квадратни километри од Алјаска.