Цаца Николовска: Бајден испрати порака до тие што си замислуваат дека ќе го поништат или сменат договорот

Одлуката на Џо Бајден е подршка на Преспанскиот договор, која содржи порака до сите тие кои скаат тој договор да не произведува правно дејство, или замислуват дека утре, кога ќе дојдат на власт, можат да го сменат, дека такво нешто не е можно и дека тоа не е само против итересите на Македонија туку и против интересите на САД – вели за „Слободен печат“ меѓународната судијка Маргарита Цаца Николовска.

– Ова значи дека е во сила Стратешкиот договор, кој исто така го имаме склучено со САД, и дека произведува ефекти. Најважното е дека со ова се укажува дека ваквите договори, меѓу кои и Преспанскиот договор, кој е подржан од целата меѓународна јавност, не треба да се минимизират или омалужуваат, заради тоа што се тоа договори кои ја зајакнуват стабилноста на една земја или држава, во случајов Македонија – вели Цаца Николовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e