Жена загина во невремето синоќа во Босна

Невремето ги опустоши северните делови на Босна во средата вечерта, при што загина најмалку едно лице, а неколку се повредени, соопштија полицијата и службите за цивилна заштита.
Според достапните информации, од струен удар во Брчко починала 54-годишна жена. Како што пишува „Дневни аваз“, таа била пронајдена во дворот од куќата во која престојувала. Полицијата за ова добила информација од итната помош, а се претпоставува дека оваа трагедија е поврзана со невремето.

Уште најмалку осум лица се повредени во подрачјето на Бјелина, а силниот ветер и дожд предизвикале штети и во областа Босански Шамац, Добој, Брчко и Босански Брод.

Пожарникарите мораа да интервенираат поради обилните врнежи од дожд и многубројните дрвја кои беа однесени на коловозите од силниот ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e