Земјотрес од 6.1 степени регистриран во Грција

Силен земјотрес беше регистриран кусо пред 9.30 часот утрово (по локално време), со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала.

Земјотресот беше особено почувствуван на островот Крит, а за сега, повеќе од половина час по земјотресот нема пријави за повредени лица или материјална штета.

Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.

Грчките медиуми претходно информираа, според првични информациии, дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e