Земјотрес од 4.1 по Рихтер во Босна

Силен земјотрес oд 4.5 степени го погоди босанскиот град Тузла, почувствуван е и во Зеница и Сребреник. Епицентарот бил на 20 километри северозападно од Тузла.

Толку силно се тресело, што жителите мислеле дека ќе пукнат ѕидовите. Потресот се случил во 15:17 часот, а засега нема информации за материјална штета.

Во регионот денеска слаби земјотреси имаше во Србија и Грција.

Инаку, синоќа без сон беа жителите на северна Италија, каде имаше земјотрес од 4.8 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e