Сношти околу 23.30 часот во околината на Младеновац во Србија бил почувствуван нов земјотрес. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар јачината на потресот изнесувала 3,9 сетепени по Рихтер.
Според граѓаните на овој град потресот се почувствувал добро и траел околу седум-осум секунди
Вчера рано наутро подрачјето околу Младеновац се тресело на двапати. Најпрво граѓаните биле вознемирени во 6 часот и 13 минути, а вториот потрес следувал два часа подоцна.