Земјотрес ја стресе Русија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на Бајкалското Езеро во областа Иркутск. Ова го соопштија и од подрачното одделение на Министерството за вонредни состојби во Русија.

Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри од местото Бољое Голустноје, пренесува Интерфакс. За сега нема информации за материјални штети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e