Зеленски утрово ѝ порача на Русија: „Време е за разговор“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака испратена рано утрово ѝ порача на Русија: „Време е за разговор“. Тој рече дека значајните мировни и безбедносни разговори со Москва мора да се одржат „без одлагање“.

Во ноќната порака снимена на улиците на Киев, Зеленски истакна дека постојаните акции на руската армија ќе ја влошат ситуацијата и во нивната земја.
„Сакам сите да ме слушнат сега, особено сакам да ме слушнат во Москва. Време е да се сретнеме, време е да разговараме, време е да се врати територијалниот интегритет и правдата за Украина, во спротивно Русија ќе се соочи со такви загуби што неколку генерации нема да бидат доволно за повторно да се издигне“, вели Зеленски во видеото објавено на Facebook. Рускиот преговарач вчера ги обвини Украинците дека го одложуваат постигнувањето договор, но Зеленски во пораката истакна дека фер преговори „без одлагање“ се единствениот начин да се намали штетата.

„Ние секогаш инсистиравме на преговори“, рече Зеленски, додавајќи: „Секогаш предлагавме дијалог и решенија за мир. Не само во текот на 23-те дена од инвазијата“. Претседателот на Украина додаде дека до денес 180.000 Украинци се спасени преку коридори за евакуација, а во петокот во земјата оперирале седум коридори, шест во регионот Суми и еден во регионот Доњецк.

Продолжуваат спасувачките активности на местото на уништениот театар во Мариупол. Повеќе од 130 луѓе се спасени, многу од нив се повредени, но засега нема информации за жртви, рече тој.

„Војната мора да престане“, рече Зеленски, додавајќи: „Предлогот на Украина е на маса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e