Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека следните шест месеци конфликт со Русија ќе бидат одлучувачки во војната.
Во видеообраќањето до Европскиот совет, Зеленски рече: „Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки во многу аспекти на конфронтацијата што Русија ја почна со својата агресија“. Тој додаде дека „агресијата против Украина е исто така агресија врз секоја земја од ЕУ бидејќи крајната цел на Русија е многу подалеку од нашата граница и украинскиот суверенитет“.
„Следните шест месеци од нас ќе бараат многу повеќе, значително поголеми напори од оние што ги направивме во изминатиот период“, рече Зеленски додавајќи дека „руските напади врз украинската енергетска инфраструктура мора да се запрат“.
„Потребно ни е помодерно оружје, односно многу поголема понуда“, рече Зеленски, кој го коментира и неодамнешното ослободување на градот Херсон: „Тој потег му покажа на светот дека нашата заедничка одбрана не е нешто случајно и ништо не може да нè запре“.