Затворените ресторани на Мекдоналдс, Русите ќе ги користат под името „Вујко Вања“

По прекинот на работата на Мекдоналдс во Русија минатата недела, брендот на Мекдоналдс во Русија наводно станал Вујко Вања, како лик во драмата на Чехов, пишува порталот Ил Месаџеро.

Се наведува дека лаковите на Мекдоналдс се свртени така што личат на буквата В. На социјалните мрежи се шири барање за регистрација на трговската марка, за која не е потврдена автентичноста.

Наводно новите ресторани треба да имаат иста понуда како Мекдоналдс, но со пониски цени. Се наведува и дека синџирот „Вујко Вања“ ќе користи само руски состојки.

Да потсетиме, Мекдоналдс привремено затвори 847 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e