Затворени сите училишта во Денвер поради закана за масовен напад

Училиштата во американскиот град Денвер, во сојузната држава Колорадо, денеска ќе бидат затворени додека властите се во потрага по „исклучително опасна жена“, објави Би Би Си.
Осумнаесет годишната бела девојка Сол Пајс веројатно е опседната од масакрот во училиште во Колумбајн во 1999 година, во кој двајца тинејџери убија 12 ученици и наставници. На 20 април се навршуваат 20 години од нападот. Агентот на ФБИ Дин Фирипс изјави дека Пајс е „потенцијално опасна за околината“.

Девојката од Флорира последен пат е видена како носи маскирни пантолони, црна маица и црни чизми.

– Таа е вооружена и се смета за исклучително опасна, напиша на Твитер канцеларијата на шерифот во округот Џеферсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e