Урсула Фон дер Лајен во јавното обраќање во саботата вечерта потврди дека Европската унија, САД, Канада и Велика Британија се договориле да ги исклучат руските банки од Свифт!
– На овој начин ќе ги спречиме да прават бизнис низ светот и да го блокираат рускиот увоз и извоз – изјави шефот на Европската комисија.
Сепак, тоа не е се. Европската унија ќе ги замрзне сите средства и трансакции на руската централна банка во ЕУ и ќе им забрани на руските олигарси да користат финансиски средства на европските пазари.
– Путин тргна по пат чија цел е да ја уништи Украина. Но, тој не сфаќа дека ја уништува иднината на својата земја.