Загинал Србин, Македонците со полесни повреди во сообраќајка кај Врање

Тешка сообраќајна несреќа се случи викендов на автопатот кај село Бресница, недалеку од Врање.

Токму таму животот го изгубило едно лице. а тројца биле повредени.

Како што пренесоа дел од медиумите во региониот, загинатиот починал во болница по здобиените повреди а повредените се згрижени во здравствениот центар во Врање.

Неофицијалните информации велат дека во несреќата учествувале и Македонци.

Наводно, во судирот меѓу две возила, едното било управувао од Македонски граѓани кои се враќале од Холандија а автомобилот со кој патувале тукушто го купиле.

Второто возило било со холандски таблички, каде, според неофицијални информации имало граѓани со македонска националност.

Во несреќата учествувале „голф“ о регистарски таблички од Бујановац и патничко возило „волво“ со странски регистарски таблици.

Foto: T.S./Курир.рс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e