Загина средношколец oд БиХ на екскурзија во Прага

Седумнаесетгодишен ученик на Средното техничко училиште за графички технологии, дијзан и мултимедиа од Илиџа загина по пад од прозорец на хотел во Прага, каде учениците престојувале на екскурзија.

Босанското Министерство за образование сопшти дека трагедијата се случила завчера вечерта околу 20:30 часот на матурската екскурзија. Загинал ученикот А.М. кој бил трета година.

Останатите ученици се добро и под надзор на школскиот педагог. Ќе се вратат дома кога за тоа ќе има услови, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e