Првиот медиумски работник кој го загуби животот поради тековната руска инвазија на Украина е Јевхениј Сакун, снимател на LIVE ТV.
Сакун загинал при рускиот ракетен напад врз телевизиската кула во близина на Киев, извршен пред два дена.
Неговото тело било идентификувано според професионалната легитимација, соопшти Национална унија на новинари на Украина.
Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија изрази сочувство до семејството и колегите на загинатиот снимател.