Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во гостување на ТВ Пинк проговори и за приведувањето на Северина на српската граница, откако таа на настап во Црна Гора изјавила дека нема да настапува во Србија додека „на власт е диктаторот“.
„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече дека е така и така и ми кажа дека не е приведена, ја задржале на граница два часа. Мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам сѐ најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сѐ. Боже сачувај да водам држава во која ќе се апси секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите, и Селма Бајрами. Тоа што тие ја мразат Србија, зборува за нив, рече Вучиќ.