Вучиќ победи во првиот круг од претседателските избори во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ победи уште во првиот круг од претседателските избори во Србија и доби реизбор на фунцкцијата следните пет години.

Според првите резултати на „ИПСОС/ ЦЕСИД, Александар Вучиќ освоил 59,5 отсто од гласовите, што е повеќе од потребните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто.

Партијата на Вучиќ, СНС извојува убедлива победа и на парламентарните избори. Според проекциите на „ИПСОС“ и ЦЕСИД, СНС ќе има 122 мандати, СПС на Ивица Дачиќ 32 мандати, Обединети за победа на Србија на Ѓилас, 36 мандати, коалиција Нада 15 мандати.

Меѓу останатите, Бошко Обрадовиќ со Двери освои 11 мандати, а под цензусот останаа Борис Тадиќ и Воислав Шешељ.

Опозицијата се надева на победа на локалните избори за Белград, чии резултати се уште се пребројуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e