Вучиќ: Ова ми е последен мандат

„Сакам да ви искажам голема благодарност што разбравте сѐ што се случи минатата година, не јас, туку што ја разбирате вашата земја. Има луѓе кои знаат дека земјата е поважна од лидерите и партиите“, рече Вучиќ во обраќање до српската јавност попладнево, во кое најави дека ова му е последен мандат на чело на државата.

Како што рече, негова работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија.

-Ќе го направам тоа сè додека можам на најдобар можен начин, и покрај тешките околности. Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот, мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и секој човек во државата и тоа ќе го направам на најдобар начин и покрај тешките околности со кои се соочуваме, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e