Вучиќ: Не сакав да бидам меѓу првите кои се вакцинираа, туку во средина како обичен граѓанин

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек.

-Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е среќен што гледа редици со луѓе кои чекаат да се вакцинираат.

Тој додаде дека втората доза ќе ја прими некаде на југот на Србија.

-Мислев за три недели да одам на југ за ревакцинацијата и да го направам тоа во Мерошин или Бабушница.
Вучиќ појасни и зошто дури сега се вакцинира против ковид-19.

-Реков во почетокот дека ќе почекам да се вакцинираат еден милион луѓе. Премиерката се вакцинираше меѓу првите, а јас сакав кога и народот, некаде во средина, како обичен граѓанин на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e