Вучиќ: Чудо што ноќеска преживеавме, 64 повредени во Нови Сад

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека само благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, мирот во земјата е „чудесно зачуван“ по тензичните настани, посочувајќи дека ситуацијата во Нови Сад била на работ на трагедија.

„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија. Важно е што, благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, чудесно успеавме да го зачуваме мирот засега. И кога велам чудесно, тоа е затоа што во Нови Сад до пред неколку минути се поставуваше прашањето дали околу 300 граѓани кои ги чуваа своите куќи ќе преживеат“, изјави Вучиќ од Центарот за команда на полицијата.

Тој информираше дека во просториите на Српската напредна странка (СНС) во Нови Сад, на Булеварот на ослободувањето, биле повредени 64 граѓани, како и петмина припадници на елитната единица „Кобра“.

Вучиќ додаде дека немало доволно полициски сили за брза реакција, но дека во последен момент успеале да обезбедат медицински екипи да пристигнат на местото на настанот и да им помогнат на повредените.

„Ова беше навистина тежок момент, но со многу трпение и храброст, спречивме поголема катастрофа“, нагласи српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e