(ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА) Татко и ќерка се удавиле прегрнати додека се обидувале да ја преминат границата на САД

Црната реалност на имиграциската криза на јужната граница на САД е прикажана со една фотографија на која се гледаат прегрнати татко и 23 месечна ќерка од Салвадор, кои завршиле трагично додека се обидувале да ја преминат реката Рио Гранде и да влезат во Тексас.

Фотографијата е направена во понеделникот, а на неа се Оскар Алберто Мартинез Рамирез (26) и неговата двегодишна ќерка Валерија.

hops-1
Семејството Рамирес пристигнало во Матаморос во неделата, надевајќи се дека ќе добијат азил во САД. Но, кога сфатиле дека може да помине цела недела пред да започне процесот за азил, одлучиле да ја препливаат реката.

Сопругата на Рамирес раскажала дека Оскар со ќерката ја препливал реката и ја оставил на брегот на американската страна, па тргнал назад по својата сопруга. Но, девојчето тргнало по својот татко и само влегло во водата. Тој се вратил да ја спаси, но ги повлекла струјата.

Оваа фотографија покажува со колку многу опасности се соочуваат со имигранти од Централна Америка кои се обидуваат да најдат подобар живот во САД. Мексиканските медиуми ја споредија оваа фотографија со фотографија од 2015 година, кога тригодишниот Сириец Алан Курди се удави во близина на грчкиот остров Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e