Две лица се повредени во вооружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот.
Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Нападот се случил во ресторан во Будва откако непознато лице, кое носело маска, отворило оган од засега непознати причини.