Понито на Урсула фон дер Лаен било убиено од волк на нејзиниот имот во Германија, пишуваат светските медиуми.
Претседателката на Европската комисија во петокот ја примила веста дека нејзиното пони Доли е убиено од волк на нејзиниот имот во близина на Хановер.
Локалниот градоначалник го обвинил државното министерство за животна средина за инцидентот, додека министерот ги повикач федералните власти во Берлин да ја поедностават процедурата за убивање волци кои премногу се доближуваат до луѓе или добиток.
„Целото семејство е страшно вознемирено од веста“, изјавил за медиумите портпаролот на Фон дер Лаен. Сопругот на претседателката на Европската комисија го открил убиеното коњче наутро, пренесува RT.