Во Вашингтон акција: Прими вакцина, добиј џоинт

Бесплатен џоинт марихуана ќе добијат возрасните во Вашингтон откако ќе се вакцнираат против коронавирусот.

Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина” стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави Њујорк т ајмс.

За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза.

Слична акција најави и федералната држава Аризона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e