Министерството за здравство соопшти дека денеска во Србија пристигнала редовната достава на вакцините на „Фајзер-Бионтек“. Во Србија пристигнале 106.470 дози на вакцина против коронавирусот кои биле доставени до Институтот „Торлак“.
Премиерката Ана Брнабиќ вели дека повеќе од 211.000 вакцини од тој производител се очекува да пристигнат во Србија следниот вторник.
-Се надеваме на уште еден контингент од 500.000 вакцини на „Синофарм“, но исто така и на вакцината „Спутник В“, додала Брнабиќ.
Таа потсети дека Србија нарачала близу 15 милиони вакцини, за што има потпишано договори, нагласувајќи дека интересот за вакцинација не се намалува.